Дивац: Не требаше да говорам на мечот посветен на Дражен

Владе Дивац проговори откако беше исвиркан во Загреб на меморијалниот кошаркарски натпревар посветен на Дражен Петровиќ. Натпреварот во Загреб беше организиран во чест на покојниот Дражен Петровиќ во годината кога требаше да наполни 60 години.

Бројни кошаркарски великани како Никос Галис, Влада Дивац, Саша Даниловиќ, Жарко Паспаљ, Тери Портер, Кени Андерсон, Богдан Тањевиќ беа присутни, а целиот настан остана во сенка на толпата во Хрватска која го исвирка Влада Дивац кога тој излезе на теренот.

„Според сценариото, воопшто не требаше да зборувам, но водителот ми го даде микрофонот и не можев да одбијам. Се фокусирав на луѓето со кои добро се забавував деновиве, а пред се на семејството Петровиќ“, објасни Дивац.

Се вчитува...