„Дивеењето“ на Мурињо има контра ефект – фудбалерите на Рома се бесни, сакаат да заминат од клубот

Испадот на Жозе Мурињо по натпреварот од четвртфиналето во Купот на Италија против Интер може скапо да го чини тренерот на Рома. Имено, како што пренесува италијанскиот медиум Il Messaggero, дивеењето на португалскиот стратег воопшто не им се допаднало на фудбалерите кои се подготвени и да заминат од клубот.

Мурињо истата вечер никого не поштедил, а останува нејасно и како некој дозволил истите информации да излезат од соблекувалната. Тоа е воедно и дополнителен мотив за играчите кои се најдоа на главната страна на повеќето медиуми, а судејќи по зборовите на Мурињо и јасен е нивниот бес.

Рома не се наоѓа во добра ситуација со оглед на тоа што заедно со лошата атмосфера во соблекувалната дојдоа и лошите резултати. „Волчицата“ пред поразот од Интер забележа порази и од Јувентус и Милан во Серија А па во моментот се наоѓа на седмата позиција на табелата со 39 освоени бода.

Се вчитува...