Длабок „рез“ во Србија: Пикси не смета на Милинковиќ-Савиќ, Гудељ, Костиќ, Тадиќ…

Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси го објави списокот на репрезентативци на кои смета за претстојните натпревари од Лигата на нации.

На поширокиот список, кој беше објавен на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија, се најдоа 29 играчи, а ќе биде скратен на 30 август кога ќе биде и конечниот список со играчите на кои смета за натпреварите против Шпанија и Данска.

Дури 11 нови фудбалери добија покани за разлика од ЕВРО 2024. Меѓу нив се голманите Александар Јовановиќ од Партизан и Марко Илиќ од Црвена звезда. Нови лица во одбраната се некои играчи кои се повикани и претходно, како Страхиња Ераковиќ, Алекса Терзиќ, Коста Недељковиќ и Јан Карло Симиќ.

Од средниот ред се новите или ново-старите лица Кристијан Белиќ, Марко Грујиќ, Милан Алексиќ и Стефан Митровиќ. Од напаѓачите ново име е само Михаило Ивановиќ од Војводина. На списокот за ЕП го нема капитенот Душан Тадиќ кој стави крај на репрезентативната кариера.

Ги нема голманот Вања Милинковиќ-Савиќ, потоа Урош Спајиќ, Срѓан Мијаиловиќ и Филип Младеновиќ од бековите, ги ниту Немања Гудељ и Филип Костиќ кои најавија дека како Тадиќ ќе се повлечат од репрезентацијата. Го нема ниту Мијат Гачиновиќ.

Се вчитува...