До 96. минута мируваа мрежите, а потоа два гола за реми меѓу Брентфорд и Јунајтед (ВИДЕО)

Бренфорд и Манчестер Јунајтед одиграа возбудлив и интересен натпревар во Лондон, и на крајот си поделија по еден бод. Но, во финишот можеше да биде поинаку, затоа што целиот меч мина со мирни мрежи, а потоа за две минути два гола и поделба на пленот.

Во текот на 90 минути, Брентфорд имаше повеќе шанси, но не ги реализираше, имаа и еден поништен гол, а потоа Маунт стрелаше во мрежата во 96. минута, и го донесе Јунајтед до предност.

Но само три минути подоцна Ајер успеа да го совлада Онана, и да донесе бод за својата екипа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...