Нема крај на инцидентите на детските фудбалски натпревари во Македонија, во кои најчесто се вклучени родители на младите фудбалери.
Како што информира СВР Тетово, во полициската станица од страна на Т.Д. (47) од Тетово и П.Т.(47), кој е тренер на детски фудбалски клуб, пријавено е насилство на детски фудбалски натпревар.
На натпреварот на стадион во Тетово, меѓу екипите на Дарданија и Фит-кид, неколку лица влегувајќи на терен се обиделе да нападнат играчи од екипата на Фит-кид. Напаѓачите биле спречени од присутните на натпреварот, за среќа без поголеми последици по дечињата, но веднаш инцидентот е пријавен во полицијата во Тетово.
По пријавата, според информациите од МВР, од слобода е лишен Х.М.(48) од Тетово, кој притоа ги омаловажувал и полициските службеници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

