До вчера го исмеваа сега го слават: Мегваер е пресреќен со новиот свој прекар… (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед е веќе речиси сигурно во финалето на Лига Европа по убедливата победа од 0-3 на гостувањето против Атлетик Билбао, на „Сан Мамеш“, каде на 21. мај ќе се игра токму и финалето во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Одличен меч одигра и дефанзивецот Хари Мегваер, кој често е исмеван од навивачите на „црвените ѓаволи“. Но, сега демонстрираше потези кои воодушевија многумина, а посебно се истакна потегот во 30. минута кога си поигра со својот чувар и центрираше за првиот погодок на својот тим.

Поради сето тоа навивачите сега му дадоа нов прекар – „Харидињо“…

„Брилијантно. Не знам што да кажам. Сигурен сум дека има неколку прекари за мене, но победата е сепак најважна, а не јас. Треба да останеме сериозни затоа што битката не е завршена… Беше убаво да се дрибла малку, да се чувствувам како крилен напаѓач и да учествувам во голови“ – истакна Мегваер.

Се вчитува...