Доаѓа Јувентус и „Сан Сиро“ ќе ‘крца’: Пламнаа 80.000 места, на ТВ ќе гледаат 750 мил. луѓе

Фудбалот во Италија го враќа својот некогашен интерес. Утре се игра дербито меѓу Милан и Јувентус, а стадионот „Сан Сиро“ е комплетно распородаден. Сите 80.000 места се веќе пополнети, а рекорди урива и телевизискиот пренос. Овој натпревар ќе се гледа на сите континенти, во преку 200 земји низ светот, а се претпоставува дека ќе го гледаат околу 750 милиони луѓе.

Ќе ‘крца’ и во новинарската ложа. Повеќе од 250 италијански и странски новинари се акредитирани за овој меч, а крај теренот ќе има повеќе од 50 фоторепортери и околу 300 сниматели на сликата и тонот. Според овие параметри, ќе биде тоа еден од најголемите фудбалски спектакли во Италија во изминатите неколку сезони.

  

Се вчитува...