Доаѓа во Милано: Меси се враќа на терените против Интер

Лионел Меси е подготвен за камбек на терените и ќе одигра дел од претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер. Лекарскиот тим на Барселона одлично ја заврши работата по скршеницата на раката заработена на дербито со Севилја, па Меси се рехабилитираше побрзо од првичните прогнози и веќе за наредниот меч ќе му биде на располагање на тренерот Валверде.

Меси тренираше со младинската екипа во последните неколку денови додека првиот тим се подготвуваше за мечот со Рајо Валјекано, по што доби и зелено светло од лекарите за да може да настапи против Интер. За очекување е Валверде сепак да не ризикува, големиот ас мечот да го почне од клупата за резерви, па да влезе во игра во текот на второто полувреме.

Барселона неочекувано славеше на четирите натпревари без помошта на својот најдобар фудбалер, против Интер, Реал Мадрид, Рајо Валјекано и Леонеса.

Се вчитува...