Пауло Дибала се предомислува и веројатно ќе остане во Јувентус и по завршувањето на сезоната. Откако сите беа воодушевени од играта на Влаховиќ, веќе на големо се зборува дека фантастичниот тандем со Дибала, ќе биде темел на големите амбиции на Јуве за следната сезона.
Наводно, соработката со Влаховиќ го натерала Дибала да размислува за продолжување на кариерата во тимот на Торино, а ваквата одлука би ги олеснила преговорите за нов договор.
„Ла Хоја“ е слободен на лето, преговорите се водат подолго време, Јувентус е неговата прва опција, но тој е лут поради промените во основата на претходниот договор. Навивачите апелираат до раководството на клубот да се сретне со Дибала, но проблем не е само висината на платата, туку и провизијата за агентот.
Дибала очекуваше 10 милиони евра по сезона и тоа е камен на сопнување, со оглед дека Јувентус е подготвен да го плати 8 милиони евра годишно. Не е тајна дека Дибала е незадоволен иако го сака Јувентус, а навивачите го симпатизираат. Доколку замине, речиси сигурно нема да остане во Серија А, а како евентуален трансфер се најавува Барса, но сега има многу повеќе шанси да остане во редовите на „старата дама“.
Покрај тоа, Аргентинецот се надева дека еден од неговите најдобри пријатели Пол Погба ќе се врати во клубот и не би сакал да пропушти да игра со Французинот кој е на прагот да се врати во Јуве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА