Во австрискиот град Клагенфурт се одржа Европскиот куп во мечување за кадети , натпревар кој се бодува за европската ранг листа. На купот на кој учествуваа 238 мечувалци од 45 држави, не само од Европа, настапија и двајцата наши најдобри кадети Петар Дамјаноски и Огнен Бундалески. И двајцата одлично ги започнаа натпреварите на Европскиот куп и во групната фаза имаа по пет победи од шест борби. Во следните две борби, во дирекните елиминации Петар Дамјаноски се пласира на 25-то место, додека Огнен Бундалески го освои 37 место.
„Со овој пласман македонските кадети го потврдија својот квалитет и веќе најавуваат пробив кон висок пласман на следните натпревари“, ни изјави националниот тренер и селектор на македонските мечувалци Билјана Кузмановска.
Во февруари идната година Дамјаноски и Бундалески ги очекуваат настапи на Европските купови во Копенхаген, Братислава, Белград и Краков на кои треба да освојат што повеќе бодови за да заземат што подобра стартна позиција на Европското првенство што ќе се одржи во Анталија во Турција. Јас верувам во нив, вредно работат, вљубени се во овој спорт што многу значи кога е во прашање мечувањето.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА