Добар резултат од Даблин го доближува Шкупи до историја

Вечерва во 21 часот, Шкупи го игра првиот натпревар од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа. Чаирчани имаат историска шанса да бидат вториот македонски тим кој ќе игра во групната фаза на едно европско натпреварување. „Гулабите“ гостуваат во Даблин, на тимот на Шамрок кој е шансата за историја на избраниците на Гоце Седлоски.

Дополнителна мотивација за Шкупи преставува и „патешествието“ кое вчера го имале чаирчани, кога не им било дозволено да слетаат во Даблин. Реакцијата од македонскиот првак беше жестока, и истакна дека на теренот вечерва ќе излезат како лавови и ќе го дадат максимумот за добар резултат.

„Нашиот тим се соочи со непријатност и срам во Ирска. Се обидовме на нашите играчи да им овозможиме удобно патување, па од тука резервиравме чартер лет и плтивме илјадници евра, се со цел играчите да пристигнат здраво. Но, ирската влада не ја послуша УЕФА. И покрај интервенцијата, Ирците го приземјија нашиот авион на 300 километри од Даблин, и ни приреди незаслужен претрман. Исто така по натпреварот, треба повторно да патуваме 300 километри. Тоа не е направено на ниту еден тим, освен на нашиот“, се вели во реакцијата на чаирчани.

А, добар резултат чаирчани ги носи блиску до историја. Доколку го минат Шамрок, тогаш Шкупи сигурно ќе има европска есен и ќе игра во групите, минимум во Лигата на Конференции.

Сега е Шкупи на потег. Добрата игра со Динамо Загреб е дополнтелна мотивација за момците на Седлоски да дојдат до добар резултат, до историски пласман во групна фаза и до долга европска есен. Тоа значи и дополнително шест европски мечеви, потенцијална можност за дуели со гиганти кои ќе играат во ова натпреварување.

Се вчитува...