Доби отказ тренерот кој даде скандалозна изјава за девојките

Тренерот на Анже, Абдел Боухазама доби отказ од раководството на клубот, поради скандалозната изјава во врска со жените. Боухазама во обид да ги мотивира своите играчи пред дуелот со Монпелје, и да го одбрани својот играч Илес Шети кој е осомничен дека нападнал млада жена во ноќен клуб, додека траела паузата во првенството.

Боухазама тогаш кажа: „Не е лошо, сите ние сме допирале девојчиња“, беа зборовите на Боухазама поради кои ја изгуби и работата.

„Соочен со медиумскиот притисок и зачувување на имиџот на клубот и мирот во соблекувалната, Абдел Боухазама на претседателот на нашиот клуб му соопшти дека го напушта местото главен тренер. Претседателот ја прифати одлуката. Клубот не прифаќа било каков облик на дискриминација и го осудува насилството кон жените“, стои во соопштението на клубот.

Исто така стои дека Боухазама се извинил за својата изјава.

Се вчитува...