Доби зелено светло: Тер-Штеген се враќа на голот на Барселона

После долго време, Барселона може да смета на својот голман Марк-Андре Тер Штеген. Ова го потврдија и од Барселона, но и тренерот Ханс Флик.

Тер Штеген последен пат бранеше за Барселона против Виљареал во мај оваа година, што значи дека после шест и пол месеци се враќа меѓу диреците на каталонскиот клуб. Во меѓувреме, Германецот беше на излезна врата со оглед дека каталонскиот тим го ангажираше Жоан Гарсија од Еспањол, и моментално тој е прв голман на Барса.

„Тер Штеген ќе биде во комбинација, но сакам да бидам јасен дека Жоан останува наш прв голман“, рече Флик.

Се вчитува...