Добил отказ бидејќи е тежок „баксуз“

Мохамед Анас дефинитивно е најпосебниот фудбалер во историјата на овој спорт. Откако се прослави со видеото во кое по меч ги поздравува и својата сопруга и својата девојка, тој се најде во нова бизарна ситуација.

Имено, 26-годишникот доби отказ од јужноафрикаснкиот клуб ТС Галакси бидејќи е тежок „баксуз“.

„Каде и да играше во Јужна Африка неговата екипа или се борела за опстанок или испаднала од лигата. Беше и во Мартизбург кои едвај обезбедија опстанок. Потоа беше дел од Фри Стејт Старс кои тогаш испаднаа како и Полоквејн Сити подоцна. Минатата сезона го носеше дресот на Блек Леопардс и на тие им се случи иста судбина. Играчите се многу несреќни, сите сметаат дека Анас носи несреќа и затоа и доби отказ“, стои во напис на весникот „Ситизен њуз“. 

Се вчитува...