Најдобриот македонски кошаркар на денешницата Ненад Димитријевиќ и неговиот Зенит Санкт Петерсбург стигнаа до нова сигурна победа во руската ВТБ лига, откако денеска во меч од 15. коло славеа на домашен терен против Енисеј со убедливи 105-81.
Гостите беа во егал против големиот фаворит само во првата четвртина која ја изгубија со 31-30. Во продолжението на мечот Димитријевиќ и неговите соиграчи го полнеа кошот на противникот од секоја позиција и на крајот стигнаа до сигурен триумф од 105-81.
Ненад Димитријевиќ имаше солидна партија во која постигна 11 поени, надополнети со два скока и шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

