Добра вест: Барди се врати на тренинзи во Леванте

Енис Барди е подготвен за експресен камбек на терените откако македонскиот репрезентативец ги надмина здравствените проблеми и од денеска се приклучи на тренинзите со остатокот на тимот на Леванте. Одличниот плејмејкер го пропушти дуелот со Алавес на кој неговиот тим ја прекина црната серија, но за среќа состојбата експресно му се стабилизираше, па доби зелено светло од лекарскиот тим за да почне со тренинзи.

Се очекува тој да биде во првиот тим на Леванте на претстојниот дуел од „Ла Лига“ со Хетафе, но што е уште поважно за нас, Барди е доволно здрав за да помогне и на македонската репрезентација на клучните натпревари од Лигата на Нации, на домашен терен со Лихтенштајн, а потоа и на гостувањето во Ерменија.

Селекторот Ангеловски ќе биде на слатки маки при изборот на играчи за врска на овие две средби, со оглед на фактот дека кормиларот на нашиот национален тим повторно ќе може да смета и на Адеми и на Хасани, кои ги пропуштија првите победи над Гибралтар и Ерменија.

Се вчитува...