Добра вест: Марио Геце пак ќе игра фудбал

Здравствената состојба на Марио Геце се подобрува по првичните третмани поради нарушувањата на метаболизмот  на фудбалерот на Борусија Дортмунд. Иако постоеја стравувања дека 24-годишниот фудбалер би можел прерано да ја заврши својата кариера, последните информации говорат дека екс-репрезентативецот на Германија ќе биде подготвен за камбек за следната натпреварувачка сезона.

Стручниот штаб по консултациите со Геце и со медицинскиот тим донесе одлука екс-фудбалерот на Баерн да не биде во комбинација до крајот на сезонава, се со цел целосно да ги надмине сериозните здравствени проблеми и да биде максимално подготвен за новиот шампионат.

Од името на сите во клубот и нашите десет милиони фанови му посакувам на Марио што поскоро да се врати на терените. Она што во моментов можам да го кажам е дека Геце одговара позитивно на првичните третмани, што дава оптимизам дека не само што пак ќе игра фудбал, туку и би можел да биде подготвен за стартот на новата сезона“ – изјави директорот на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке.

Се вчитува...