Добра вест: Мекиќ се приклучи на репрезентацијата во Гевгелија

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките во Гевгелија, а селекторот Илиевски и членовите на стручниот штаб по серијата проблеми добија и една добра вест – Адем Мекиќ се приклучи на националниот тим.

Крилниот кошаркар беше еден од неколкумината кои го најавија доцнењето, но Мекиќ го забрза приклучувањето кон националниот тим и по лекарските прегледи во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, од денеска се стави на располагање на селекторот.

„Поради претходно договорените обврски не бев во ситуација да бидам со тимот од првиот ден. Но подготвен сум, знам што се очекува од нас. Прво да ја ‘поминеме’ оваа главна фаза од подготовките, потоа ќе размислуваме за противниците во претквалификациите. Ќе имаме и две контролни средби тука, против Швајцарија, кои ќе ни бидат еден од показателите до каде сме во пресрет на дуелите со Романија и со Унгарија“, изјави Мекиќ по доаѓањето во Гевгелија.

Селекторот Илиевски е во исчекување на Андреј Јакимовски и на Американецот Вајли, кои во текот на следната седмиа ќе се приклучат на националниот тим.

Се вчитува...