Фудбалска Италија вчера повторно беше во шок откако Моисе Кин колабираше на теренот за време на дуелот меѓу Фиорентина – Верона, неколку минути откако му беше укажувана помош поради повреда на главата.
Екс-фудбалерот на Јувентус експресно беше однесен во болница каде врз него беа извршени детални прегледи, а денеска пристигнаа прекрасни вести од Италија – Кин нема посериозни повреди и е пуштен на домашно лекување.
„Можеме да потврдиме дека Кин беше пуштен од болницата во Верона и веќе се врати во Фиренца. Сите детални прегледи дадоа негативни резултати за евентуални повреди на мозокот, по што лекарите го пуштија нашиот фудбалер на домашно лекување“, објави Фиорентина на официјалната веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

