Македонскиот интернационалец и член на Наполи, Елиф Елмас, најверојатно ќе биде дел од тимот за натпреварот со Копенхаген од Лигата на шампионите, откако го одработи последниот тренинг пред патувањето во Данска на мегдан со Копенхаген кој се игра утре.
Тоа е одлична вест, со оглед дека Елмас мораше предвреме да го напушти мечот против Сасуоло, откако почувствува вртоглавици, поради грип.
Со тоа веројатно паѓаат во вода најавите дека „дијамантот“ нема да биде дел од екипата за гостувањето во Копенхаген. Интересно е дека на истиот стадион за два месеци од сега, Македонија ќе го одигра баражот против Данска за пласман на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

