Добра вест од Турција: Рушту веќе не е на интензивна нега

Здравствената состојба на Рушту Речбер значително се подобри во последните 24 часа, па легендарниот турски голман веќе не се наоѓа на одделението за интензивна нега на една од истанбулските клиники. Лекарите не соопштуваат конкретни информации, но добрата вест ја соопшти неговата сопруга Исил.

„Рушту се чувствува подобро, лечењето продолжува во нормална соба. Ќе биде уште подобар“, оптимистички објави Исил на својот профил на инстаграм.

Дел од турските медиуми ја обвинија токму сопругата дека го заразила Рушту по враќањето од САД, но Исил категорично ги отфрла ваквите тврдења.

Се вчитува...