Добра вест: После срцевиот удар, капитенот се врати на тренинзи

Капитенот на Лутон Таун, Томас Лукер се врати на тренинзите осум месеци после срцевиот удар, откако се сруши на теренот на натпреварот од Премиер-лигата против Борнмут.

Велшанецот на 16 декември колабираше за време на мечот. Британските медиуми објавија дека тој бил „мртов“ три минути. Осум месеци подоцна се врати на тренинзите, но сега работи под посебна програма.

„Засега нема ништо ново за неговата иднина. Како што стоиме сега, Том е фит и здрав, а тоа е најважното нешто“, рече менаџерот на Лутон, Роб Едвардс.

Се вчитува...