Даинис Криштопанс ќе биде подготвен за брзо враќање на терените откако беше утврдено дека повредата заработена на синоќешниот дуел со Војводина не е од посериозен карактер. Летонскиот „џин“ настрада на самиот почеток од мечот, жалејќи се на болка во скочниот зглоб.
Алармот веднаш се запали, беа извршени и итни детални прегледи, чии резултати сепак се охрабрувачки за „црвено-црните“.
Имено, станува збор за вообичаена спортска повреда – виткање на зглоб при доскок, а олеснителна околност е што нема посериозно истегнување на лигаментите или некаква скршеница. Лекарите препорачале мирување од неколку дена, а „вардарци“ се надеваат дека десниот бек ќе може да настапи веќе на саботниот дуел со Кјелце во рамките од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА