Веќе нема никакви дилеми, Јаник Синер ќе ја брани титулата на УС Опен откако првиот светски рекет се опорави од вирусот што го мачеше во последните денови.
За потсетување, Синер поради овој здравствен проблем беше принуден да го предаде финалето во Синсинати на Карлос Алкараз, а потоа го пропушти и турнирот на микс-двојки како увертира на УС Опен. Фановите беа загрижени дека бранителот на трофејот нема да може да настапи во Њујорк, но денеска пристигнаа добри вести – Синер целосно ја надминал болеста и дефинитивно ќе биде способен за настап на последниот гранслем турнир за оваа календарска година.
Тој ќе тренира два часа со Аргентинецот Франциско Комесана, откако кратко порачал пред новинарите: „Подобар сум од било кога досега“.
Неиграње на Синер можеше да значи и губење на првото место на АТП-листата, а Италијанецот дефинитивно ќе стори се за да одбрани што повеќе бодови од оние 2.000 што ги освои лани со пехарот во Њујорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

