Добра вест доаѓа од Франција откако е обелоденето дека повредата што Невен Суботиќ ја заработи на вчерашниот меч меѓу Бордо и Сент Етјен не е од посериозен карактер. Српскиот интернационалец имаше страшен судир со главите со еден противнички фудбалер и остана да лежи облеан во крв, по што експресно беше пренесен во болница.
Сепак, деталните прегледи врз фудбалерот на Сент Етјен дадоа позитивни резултати, откако беше обелоднето дека Суботиќ минал без посериозна повреда, па денеска дури и му беше дозволено да ја напушти болницата во Бордо.
„Суботиќ ја мина ноќта во болница, резултатите се добри, а по деталниот „скенинг“ утрово беше добиена лекарска дозвола тој да ја напушти клиниката“ – соопштија од раководството на Сент Етјен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА