Добра вест за Артета: Одегард наскоро се враќа во тимот

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека Мартин Одегард е во завршна фаза на опоравување од повредата на зглобот што ја заработи додека играше за Норвешка во Лигата на нации.

Артета кажа дека Норвежанецот нема да игра против Њукасл во сабота во Премиерлигата, но не ја исклучи можноста да игра во ЛШ на дуелот со Интер во среда.

„Во фаза е кога тренира со нас. Но, прво да видиме како може да се справи со болката, и дали неговото движење е вистинско. Физички е на потребното ниво за натпревари. Верувам дека ќе биде подготвен наскоро“, рече Артета.

Одегард се повреди за Новершка на 9 септември играјќи во Лигата на Нации. Против Њукасл нема да игра ниту Рикардо Калафиори.

Се вчитува...