Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус се врати на тренинзите на тимот, соопштува „Скај Спортс“. Бразилецот доби повреда на коленото за време на мечот од Комјунити шилд против Манчестер Сити на крајот на јули, поради што беше подложен на мала интервенција.
Микел Артета пред извесно време извести за ситуацијата со повредениот голгетер.
„Тој е добро, но многу разочаран од тоа што се случи бидејќи се чувствуваше супер и беше подготвен. Никој не очекуваше таков сплет на настани, но тој побара мала интервенција“, изјави Артета.
Сепак, тој нема да биде достапен за Арсенал за време на викенд натпреварот против Фулам. Најверојатно ќе биде во комбинација на дербито против Манчестер Јунајтед кое ќе дојде после репрезентативните настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

