Баерн Минхен ќе биде засилен со Давид Алаба за утрешниот реванш натпревар против Ливерпул откако австрискиот фудбалер ги надмина проблемите што го мачеа во последните десетина дена. Левиот бек ги пропушти последните средби на баварскиот гигант, но се враќа во комбинација во вистински момент, за пресметката со „црвените“.
„Давид Алаба тренираше вчера без мака. Тој е подготвен и ментално и физички, така што доколку не дојде до компликации во последен момент ќе биде стартер со Ливерпул“ – изјави тренерот Нико Ковач.
Во комбинација за настап е и Бразилецот Рафиња, кој исто така се рехабилитираше од повредата. Рафиња е главен фаворит за стартер на позицијата десен бек, на местото на суспендираниот Кимих.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА