Стручниот штаб и навивачите на Баерн Минхен можат да здивнат откако утрово беше обелоденето дека повредата на Роберт Левандовски не е сериозна, па полскиот интернационалец нема да мора да пропушти ниту еден натпревар на баварскиот гигант во претстојниот згуснат календар. Левандовски вчера предвреме го заврши тренингот жалејќи се на повреда на мускулот, по што се најавуваше пауза од најмалку десет дена, но деталните прегледи покажаа дека не станува збор за ништо сериозно.
Најдобриот стрелец на Баерн се појави на утринскиот тренинг на баварскиот гигант и работеше со полна пареа со остатокот од екипата, по што лекарскиот тим даде зелено светло за тој да настапи на утрешниот дерби натпревар против Борусија Дортмунд.
Карло Анчелоти за овој дерби натпревар нема да може да смета на Мануел Нојер и на Даглас Коста, додека кај Борусија Дортмунд се уште отсуствуваат Ројс, Шурле и Геце, додека е неизвесен настапот на Кагава, Вајгл и Пишчек на утрешниот дуел на „Алијанц арена“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА