Барселона ќе биде значително засилена за претстојниот фајналфор турнир во Каунас откако Јан Весели се опорави од повредата на грбот и му се стави на располагање на тренерот Шарунас Јасикевичиус.
Чешкиот центар се повреди на петочниот дуел со Обрадоиро во Ендеса-лигата, но третманите вродија со плод и тој веќе се врати на тренинзите на каталонскиот гигант. Во ситуација кога играта на Реал Мадрид во многу работи зависи од центарот Таварес, јасно е дека искуството на Весели може да биде пресуден фактор во петочниот полуфинален дуел од овој фајналфор турнир.
Покрај Весели, Јасикевичиус на центарската позиција ги има уште и Шанли и Тоби. Тренерот на Барселона за овој фајналфор турнир нема да може да смета на Американецот Кори Хигинс, за кого оваа сезона предвреме заврши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА