Селекторот на бразилскиот национален тим Тите, потврди дека Нејмар може да се најде во составот за Бразил на дуелот против Јужна Кореја.
Напаѓачот почнал да тренира со екипата, после повредата која ја заработи на дуелот против Србија во 1. коло од Мундијалот во КАтар.
„Што се однесува до Нејмар, тој тренира со нас. Во зависност од тоа како ќе помине тренингот, ќе видиме дали ќе биде со нас. Нема да претпоставувам и да пренесувам лажни информации. Сакам да видам како ќе биде на тренингот, и ако е здрав, ќе може да биде во комбинација за мечот“, рече Тите.
Тите потврди дека Нејмар дури може да се најде во стартниот тим, доколку го издржи последниот тренинг пред мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА