Пеп Гвардиола може да здивне откако беше обелоденето дека Кевин де Бруин не е посериозно повреден и ќе може експресно да се врати во тимот на Манчестер сити. Белгиецот настрада по еден груб старт во самиот финиш од дуелот со Кристал палас, но за среќа лекарските прегледи покажаа дека станува збор само за силен удар, давајќи зелено светло за негов камбек по само неколку дена пауза.
Де Бруин нема да настапи на денешниот дуел против Ватфорд, но потоа ќе му биде на располагање на Гвардиола за јануарскиот календар згуснат со куп-натпревари, од ФА Купот и од полуфиналето на Лига-купот на Англија.
Далеку полоши се вестите околу статусот на Габриел Хесус, кој исто како и Де Бруин се повреди на дуелот со Кристал палас. Резултатите од прегледите врз бразилскиот голгетер покажале проблем со медијалните лигаменти во коленото, па иако не е неопходна операција Хесус ќе мора да паузира меѓу два и три месеци од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА