Добра вест за Египет: Салах ќе може да игра на СП 2018

Повредата што Мохамед Салах ја заработи во финалето од Лигата на шампионите не е премногу сериозна, па големиот ас речиси сигурно ќе се појави во составот на Египет за претстојниот мундијал што на 14 јуни ќе стартува во Русија.

Првичните информации велеа дека повредата е многу сериозна и ќе мора да следи пауза од неколку месеци, но резултатите од деталните прегледи донеле позитивни вести за „фараоните“. Имено, предвидената пауза според лекарите е меѓу 15 и 20 дена, па доколку не дојде до компликации Салах ќе биде во можност да им помогне на репрезентативните колеги.

Неизвесно е дали тој ќе може да настапи на првиот меч на 15 јуни против Уругвај, но се очекува да биде „фит“ за последните две средби од групата А, на 19 јуни со Русија и на 25 јуни со Саудиска Арабија.

Се вчитува...