Чави Симонс би можел да го смени клубот на лето. Фудбалерот на Лајпциг на почетокот на оваа година потпиша перманентен договор со германскиот тим, и сега може да си замине.
За заминување на Симонс веќе некое време се шпекулира, а до неодамна беше под договор со ПСЖ.
Самата желба на играчот е да замине во Барселона, меѓутоа неколку премиерлигашки екипи се интересираат за неговите услуги, и најверојатно ќе продолжи во Англија. Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул се интересираат за холандскиот репрезентативец.
Заминување на Симонс би било добра вест за Елиф Елмас, кој по завршувањето на сезоната можеби ќе се врати во германската екипа, со која е под договор, а во моментов настапува како позајмен во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА