Илија Несторовски ќе може да настапи за Палермо на неделното гостување против Наполи, откако беше укината суспензијата на македонскиот голгетер.
Имено, жолтиот картон на Несторовски на последниот меч со Интер значеше и автоматско неиграње од еден натпревар за македонскиот голгетер, но Дисциплинската комисија при Серија А по прегледувањето на снимката донесе одлука картонот на Македонецот да биде поништен.
Со тоа, најдобриот стрелец на Палермо ќе го предводи нападот на сицилијанскиот клуб и на следното гостување во Неапол, каде ќе има можност да го импресионира новиот тренер Лопез, кој токму против Наполи ќе дебитира на клупата на Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА