Роберто Фирмино одигра одличен натпревар за Ливерпул на „Вембли“, постигнувајќи го вториот гол за триумфот над Тотенхем. Бразилецот во финишот заработи бизарна повреда откако Фертонген случајно го удри со прст директно во окото, Фирмино беше однесен на прегледи во очна клиника во Лондон, од каде пристигнаа добри вести за Јирген Клоп.
„Болничките прегледи потврдија дека станува збор за ситна повреда и нема да има трајни последици. Роберто Фирмино со клупскиот лекар се врати назад во Ливерпул и наскоро ќе почне со тренинзи. Во моментов не се исклучува можноста тој да настапи на дуелот со ПСЖ што ќе се игра на „Енфилд роуд“ во вторник“ – соопшти Ливерпул преку официјалната веб-страница.
Доколку не биде во можност да настапи против ПСЖ, местото на Фирмино во стартниот тим ќе му припадне на Даниел Стариџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА