Лео Меси ќе може повторно да настапи за Аргентина на овогодинешното издание на Копа Америка откако беше обелоденето дека повредата на која фудбалскиот генијалец се жалеше во изминатите денови не е од посериозен карактер.
Аргентинците се тресеа откако Меси се пожали на болка во мускулот и по вториот одигран меч, веднаш беа извршени детални лекарски прегледи, а за среќа резултатите се позитивни за „гаучосите“. Имено, повредениот мускул е само истегнат, нема никакво кинење на мускулните влакна, па се очекува „десетката“ на Аргентина за неколку дена да се врати на тренинзите на својата репрезентација.
Пласманот на Аргентина во нокаут фазата е веќе осигуран, Меси нема да биде ризикуван во третото коло против Перу, но се очекува тој да биде „фит“ за настап во четвртфиналето што е закажано за 5 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА