Добра вест за Милан – Игуаин се враќа против Јуве

Гонзало Игуаин ќе може да настапи на првото дерби во дресот на Милан против Јувентус, откако Аргентинецот ги надмина проблемите со повредата што ја заработи минатиот викенд против Удинезе. Голгетерот мораше да биде заменет уште во првото полувреме во Удине, потоа не настапи во Лигата на Европа со Бетис, но во меѓувреме ги надмина проблемите и му се стави на располагање на тренерот Џенаро Гатузо.

Стручниот штаб на „росонерите“ најверојатно ќе се реши за нешто поповлечена варијанта, со Игуаин како најистурен во нападот, додека Кутроне ќе се пресели на клупата за резерви. Главен проблем на Милан ќе биде средниот ред, каде Гатузо не може да смета на услугите на Билја и на Бонавентура, а максимално неизвесен е и настапот на Чалханоглу.

Што се однесува до одбраната, „росонерите“ се во исчекување на вести за статусот на Мусакио по повредата на мечот со Бетис. Повреден исто така е и Калдара, кого по кинењето на тетивата го очекува повеќемесечна пауза од терените.

 

Се вчитува...