Добра вест за Милевски: Муслиу се врати на терените по месец и пол пауза

После пауза од месец и пол поради повреда, Висар Муслиу се врати на терените. Тој играше за својот тим Инголштад, на гостувањето кај Ое, во кој оствари победа.

Муслиу го немаше во изминатиот период поради незгодна повреда, а беше дел од првиот натпревар во квалификациите против Малта, по што не играше на пријателскиот дуел со Фарски Острови.

Со овој триумф Инголштад и дефинитивно избега од опасната зона и на едно коло до крај има 47 бодови на 11. место на табелата.

Враќањето на Муслиу е добра вест и за селекторот Милевски кој ќе може да смета на стоперот за јунските квалификации против Украина и против Англија.

Се вчитува...