Зинедин Зидан може да здивне откако денеска беше обелоденето дека повредата на Лука Модриќ не е од посериозен карактер, па хрватскиот интернационалец нема да паузира премногу долго од терените. Првите прогнози беа дека Модриќ ќе паузира најмалку еден месец, но деталните прегледи покажаа дека не станува збор за кинење на мускулот, туку само за преоптоварување, поради што плејмејкерот ќе отсуствува само една седмица.
Ова значи дека Модриќ ќе го пропушти следниот меч од Копа дел реј со Селта во Виго, но би требало да се врати во составот за наредниот дуел од Примера дивизион против Реал Сосиедад.
Далеку полоши се вестите околу левиот бек Марсело, кој настрада при еден дуел на мечот со Малага. Прегледите покажаа оштетување на мускулот, поради што бразилскиот интернационалец ќе паузира најмалку еден месец од фудбалските терени.
Герет Бејл почна со лесни тренинзи во Мадрид, па според првичните информации камбекот на велшкиот ас може да се очекува во првата половина од месец март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА