Добра вест за МЗТ: Иванов е „фит“ за вечното дерби

МЗТ Скопје ќе биде значајно засилен за вечерашното дерби против Работнички, откако Иве Иванов ги надмина проблемите со повредата што ја заработи на дуелот со Сплит. Хрватот во последните два дена тренираше со остатокот од тимот и ќе биде во комбинација за настап на денешниот натпревар.

„За нас е одлична вест што Иванов е „фит“ и може да игра, а колку ќе настапи ќе видиме во текот на натпреварот. Клупските лекари и физиотерапевти завршија одлична работа, тој тренираше со нас и ќе биде во комбинација за дербито“ – изјави тренерот Кочов.

На спротивната страна, Работнички ќе биде значајно ослабен поради неиграњето на ветеранот Ѓорѓи Чековски, кој дефинитивно нема да може да му помогне на својот тим на вечерашниот дерби-дуел.

Се вчитува...