Добра вест доби тренерот на Наполи, Антонио Конте пред крајот на годинава. Напаѓачот Ромело Лукаку повторно започна со тренинзи, после повредата која ја заработи во август.
После три и пол месеци, Белгиецот го одржа својот прв индивидуален тренинг. Повредата Лукаку ја доби на пријателски натпревар во август, откако го повреди бутниот мускул.
Лукаку најверојатно ќе може да излезе на терен на 14 декември во натпреварот од Серија „А“ против Удинезе. Четири дена подоцна, тимот на Наполи ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Супер-Куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

