Добра вест за навивачите: ФИФА ги намали цените на билетите за Мундијалот 2026

ФИФА ги намали цените на билетите за Светското првенство следната година за најлојалните навивачи на националните тимови во вторник, откако минатата недела избувна протест против цените на билетите, објавија светските агенции.

Пред неколку дена, навивачите дознаа дека најевтините достапни билети за натпреварот за титулата на Светското првенство во 2026 година во јули во Њу Џерси ќе чинат повеќе од 4.000 долари. ФИФА објави дека 10 проценти од распределбата на билетите за секој натпревар, вклучително и финалето, ќе им припаднат на националните асоцијации учеснички. Цената на овие билети ќе биде 60 долари.

Одлуката следува по серија состаноци меѓу високи функционери во Доха оваа недела, каде што се обелодени дека федерациите имаат загриженост во врска со моделот на цени. Советот на ФИФА повторно се состанува во Катар во среда.

Светската фудбалска централа доби повеќе од 20 милиони апликации за влезници откако беше извршена ждрепката за Светското првенство во Северна Америка на 5 декември.

Цените на билетите за натпреварите од Светското првенство во 2022 година во Катар се движеа од 70 до 1.600 долари.

На Мундијалот може да настапи и Македонија ако го мине баражот во март, а ако тоа се случи,тогаш е се очекува и македонски фанови да отпатуваат и да ја бодрат селекцијата која ако се пласира, ќе треба да одигра два меча во Мексико и еден во САД во групната фаза против Мексико, Јужна Кореја и Јужна Африка. Дуелот со Јужна Кореја би се играл во Запопан, додека против Јужна Африка во Атланта, а потоа со Мексико на легендарниот стадион „Ацтека“.

Се вчитува...