Играчот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе доби дозвола да игра во финалето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА, кое се игра утре во Лусаил, Катар.
Според „Марка“, напаѓачот на Реал Мадрид целосно се опоравил од повредата здобиена на натпреварот со Аталанта (3:1) во 6. коло од Лигата на шампионите. Мбапе денеска разговараше со лекарите и стручниот штаб за евентуално учество на мечот со Пачука, а Французинот доби дозвола да настапи на утрешниот меч.
Исто така се наведува дека настапот на Мбапе во стартниот тим на Реал Мадрид не може да се исклучи. Карло Анчелоти и неговиот штаб ќе донесат одлука врз основа на резултатите од официјалниот тренинг кој е вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА