Добра вест за Реал Мадрид: Мбапе е подготвен за дуелот со Јувентус

Конечно, добри вести за Реал Мадрид во врска со Килијан Мбапе, кој заработи вирус по доаѓањето во САД на Светското клупско првенство. Мбапе според информациите има многу ослабено, па ги пропушти првите три меча на својот клуб во групната фаза.

Сега тој е целосно на располагање на тренерот Чаби Алонсо за мечот од 1/8 финалето против Јувентус. Французинот не играше против Ал Хилал, Пачука и Салцбург, во кои „кралевите“ освоија седум бодови.

Според информациите, Алонсо и на овој дуел ќе го остави на клупата, меѓутоа ако има потреба ќе влезе во игра во текот на мечот.

Се вчитува...