Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе може да игра на натпреварот против Бенфика. Французинот не излезе на теренот во саботата на натпреварот од Ла Лига против Реал Сосиедад (4-1). Претходно беше објавено дека Мбапе чувствувал непријатност во коленото поврзана со повредата што ја заработи кон крајот на декември.
Според „Марка“, Мбапе денес тренирал со останатите играчи. Играчите кои играа на натпреварот против Сосиедад завршија сесија за опоравување, а ниту еден од нив не се повредил за време на вчерашниот натпревар.
Џуд Белингам, Едер Милитао и Родриго најверојатно ќе го пропуштат натпреварот од Лигата на шампионите во вторник против Бенфика бидејќи продолжуваат да се опоравуваат од повредите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

