Експедицијата на Шкендија отпатува за Букурешт, каде в среда ќе го брани минималното водство од првиот меч против ФЦСБ од првиот меч од квалификациите за Лигата на Шампионите. Елиминација на романскиот гигант ќе значи и историски прв пласман на тетовци во групната фаза од едно европско натпреварување, што ќе биде мотив плус за тренерот Беќири и неговите избраници да дадат и над 100% од своите можности на претстојниот реванш.
Во меѓувреме, од Романија пристигнуваат добри вести за „црвено-црните“, откако домашниот капитен Дариус Олару отпадна од комбинација за вториот дуел со Шкендија. Романскиот репрезентативец беше стартер на мечот во Скопје, поради повреда мораше да биде заменет, a деталните прегледи во Букурешт покажале дека тој мора да паузира најмалку уште петнаесетина дена.
Во таборот на ФЦСБ ќе го нема и напаѓачот Флорин Танасе, кој доби црвен картон на првиот меч во Скопје, по што заработи жестока санкција од три натпревари неиграње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

