Џоел Боломбој повторно ќе игра кошарка оваа сезона откако деталните прегледи врз американскиот центар донесоа добра вест за Црвена Звезда. Боломбој се повреди во текот на третата четвртина од синоќешното гостување во Подгорица против Будуќност, во прв момент се чинеше дека проблемот е максимално сериозен ако се знае дека центарот со помош на соиграчите мораше да се упати кон соблекувалната, но последните информации говорат дека е избегнато најцрното сценарио.
Конкретно, лигаментите на коленото и менискусот не се оштетени, што значи дека поранешниот кошаркар на ЦСКА Москва и Олимпијакос за четири до шест седмици би можел повторно да се врати на трените.
„Со деталните прегледи е покажано дека Џоел Боломбој се здобил со хиперекстензионална повреда на десното клено, со поголема модрица во пределот на коската, но без повреда на менискусот и лигаментите. Во овој момент повредата не бара операција, туку мирување и конзервативна терапија“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА