Добра вест за Тухел: Канте се враќа во тимот на Челси

Денеска пристигнаа добри вести за менаџерот на Челси, Томас Тухел, конечно во тимот на „сините“ се враќа Нголо Канте. Французинот се опорави од проблемите со повредите и започна да тренира со полн интензитет со остатокот од тимот.

Тухел ќе може да смета на Канте уште овоj викенд, а на програмата во Премиер-лигата ги чека натпревар против Брентфорд.

Веста со воодушевување денеска беше споделена на социјалните мрежи од официјалниот профил на Челси, а фановите на Нголо му посакаа брзо прилагодување на зелениот терен и победнички ритам за уште поголема радост на навивачите на трибините.

 

 

 

Се вчитува...