Вардар се подготвува за претстојниот камбек на европската фудбалска сцена, а управата на „црвено-црните“ во меѓувреме заврши уште една значајна работа – продолжувајќи ја соработката со „Новоматик“ за дополнителна една сезона.
Оваа компанија беше првата што излезе да му помогне на клубот кога беше најтешко, инвестирајќи значајна сума за покривање на големите долгови. Сега кога Вардар веќе е стабилен на финансиски план, двете страни се договорија за нова оработка, за вкупна вредност од еден милион евра.
“На задоволство на фудбалската јавноста, објавуваме дека продолжуваме да ја поддржуваме нашата фудбалска гордост. Спортската бајка продолжува. Во следните две години продолжуваме во вкупна вредност од 1 милион евра. Фк Вардар е симбол на македонскиот идентитет. Низ школата на клубот поминуваат илјадници таленти. Пред три месеци објавивме дека станавме партнери на ФФМ. Со право истакнуваме дека Новоматик е пример за поддршка на спорт“, изјави Петар Пенчев, претставникот на компанијата на денешната прес-конференција.

Во таборот на Вардар со право владее задоволство по ова продолжување на соработката со важниот спонзор.
„Младите секогаш гледаат пример во професионалните спортисти и се идентификуваат со нивните индивидуални или колективни спортски успеси. Затоа, секоја компанија што инвестира во спортот всушност инвестира во здрава младина. Импресивни се заложбите на Новоматик да ги поддржи плановите на спортскиот колектив и на актуелниот клупски менаџмент за враќање на спортското реноме на ФК Вардар. Како капитен сакам да испратам порака дека сите фудбалери го даваат максимумот за да ги оправдаат очекувањата“, истакна капитенот на Вардар, Горан Закариќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

